Реформите, Охридскиот Рамковен Договор и безкомромисната борба против корупцијата во земјата, биле темите на кои разговарале првиот вицепремиер, Артан Груби и евроамбасадорот Самуел Жбогар, при денешната нивна средба во Владата.

Како што соопштува Секторот за односи со јавноста во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Груби истакнал дека Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе биде модерно, функционално и одговорно министерство кое ќе создаде општествена кохезија и граѓанска рамноправност.

Амбасадорот Жбогар му честитал на Груби за новата функција и му посакал успешна реализација на владината агенда.

Првиот вицепремиер Груби на амбасадорот Жбогар му посакал понатамошен успех и повторил дека вратата во нашата земја му е отворена. Евроамбасадорот како подарок за инзворедната соработка од Груби доби кече.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на 17 август на „Твитер“ го најави завршувањето на својот мандат во земјава. Дома се враќа во средината од септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.