Неспособната влада на Ковачевски денес од нормална работа да се потпише договор на македонски прави театар, вели пратеникот Антонио Милошоски, потенцирајќи дека после независноста прв мултилатерален договор склучен на македонски и англиски јазик е Меморандумот за разбирање потпишан со UNHCR на 3 ноември 1994 година, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Договорни страни во овој меморандум се Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и Владата на Република Македонија, а означувањето на двата јазици на договорот е сосема нормална работа. Неспособната влада на Ковачевски денес од нормална работа да се потпише договор на македонски прави театар, во обид да ја покрие галопирачката инфлација и честите национални понижувања за кои владата има најголема одговорност, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.