Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев смета дека  треба да направи детална анализа на одредбите од дватадоговора, со Бугарија и со Грција, со посебен осврт на нивната инхерентна поврзаност, кои
веќе создаваат синергија која не беше предвидена или беше превидена во времето кога се потпишуваа спогодбите.

Тука, сакам да укажам дека за таа поврзаност зборуваше, уште во 2019 година, професорот Виктор Фридман. Неговите размислувања се објавени, во декември 2020 година, од реномираната англиска издавачка куќа „Раутлич“ (Routledge), во книгата со наслов „Македонија и идентитетската политика по Спогодбата од Преспа“, во
која е поместен неговиот труд „Чаша полна до половина или пехар со отров? Спогодбата
од Преспа и современиот македонски јазик“. Според Фридман, „ако формулацијата се
толкува на тој начин, или ако Македонија е принудена од ЕУ да ги прифати
бугарските негирања за постоењето на македонските дијалекти, тогаш Спогодбата од
Преспа ќе биде повеќе пехар со отров“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.