До крајот на оваа година се очекува да заврши изградбата на колекторите за отпадни води на левата и на десната страна на реката Вардар во скопската општина Аеродром, а потоа да отпочне и изградбата на пречистителната станица на Градот Скопје.

Проектот за Подобрување на инфраструктурата за собирање отпадни води во Скопје е финансиран од Европската унија со буџет во износ од 9.680.140, 27 евра.

Пред заминување од земјава, во посета на локацијата каде што завршуваат колекторкиот дел и парцелата каде што ќе се гради пречистителната станица денеска беше претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за животна средина Насер Нуредини, како и заменик претседателот на Европската инвестициска банка Ендрју Мекдауел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.