Ние први побаравме да се прогласи распустот за децата, први побаравме претходно пред два месеци да се започнат контрола на границите, што не се спроведе. Денеска имаше одлука да се формира Кризен штаб кој што беше повторно на наше барање и таму би требало да има еден претставник од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека како што изминатиов период власта почна да нè слуша дека ќе продолжи со тоа, изјави вечерва на гостувањето на МРТ Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кој говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Според Николов, идеја, желба и намера на ВМРО ДПМНЕ е да се грижи за здравјето на населението бидејќи тоа е примарна работа.

Исто така, здравствена комисија на ВМРО-ДПМНЕ располага со кадри кои што ги ставивме на располагање на власта да им дадеме совети, предлози, барања. За жал најверојатно епидемијата на корона нема да ја заобиколи Македонија и за жал сме сведоци дека имаме во моментот 9 случаи кои што се со Ковид 19 кои што се третираат на инфективната клиника. За жал можно е да имаме повеќе случаи кои би биле со вирусот и тоа не води со мисла дека е потребна една активна борба за здравјето на пациентите заради тоа што во овој момент е многу важно да епидемијата не се прошири заради тоа што тој доколку се прошири ги оптеретува здравствени системи, a здравствените системи имаат кратко време за одговор и доколку се со лимитирани ресурси можно е да тој одговор не е задоволителен, рече Николов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.