Бугарија згреши кога проблемот со Македонија го искачи на ниво на ЕУ, смета поранешниот бугарски престедател Георги Прванов.

-Во Брисел нема интерес за спорот и таму никој не сака да си го губи времето читајки ја бугарската рамковна позиција – смета Прванов, кој не ја исклучува можноста новата администрација на Бајден да изврши дополнителен притисок врз Софија да го симне ембаргото за Македонија.

Тој посочува дека тоа што во преговорите меѓу двете страни сега се инволвира и ЕУ, доведе до вистинска катастрофа.

-Наместо најблиски народи, станавме најголеми непријатели на Балканот – вели бугарскиот експретседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.