Една е ситуацијата што Зоран Заев бега од дебати во телевизии каде не може да има контрола, а друга е ситуацијата што тој јавно кажа дека има постапка врз медиум од страна на финансовата полиција. Како Зоран Заев, како лидер на политичка партија знае дека има страга врз одреден медиум?!

Поранешниот премиер вчера јавно изјави дека не прифаќа да дојде на дуел со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во Алфа телевизија. Посебна причина за ваквата одлука не даде, само со заканувачки тон им порача на новинарите вработени во телевизијата дека ќе видат зошто.

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев.

Ај што нему се допаѓала уредувачката политика на Алфа, што е и трагично и смешно, туку и спмена истрага против медиумот. Запрашан за каква истрага станува збор, се поправи дека не станувало збор за истрага, вели мислел на контрола од Финансовата полиција. Што ли мислел и што ли му излета од устата врз која досега многу често покажал дека нема котрола, допрва ќе видиме.

-Беше споменато при едно интервју од Финансова полиција дека имало контрола, не знам дали има истрага, дали има предистрага или слично, дека имало контрола порано, изјави Заев.

За нападите кон медиуми кои што се критички настроени кон работата на власта, реагираше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој за ваквите потези на Заев и СДСМ, го известил и претседателот на Националниот совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка.

-Знаете вчера ваш колега беше осуден, не верувам дека тоа е европско однесување. Се осудуваат новинари коишто се критичари на власта, се напаѓаат медиумите кои што се исто така критичари на власта. Практично имаме една ситуација која личи на се, но не на држава која сака да биде дел од ЕУ, изјави Мицкоски.

Вербалниот напад кон Алфа не беше единствен, физички нападната беше и екипата на порталот Инфомакс, на која и не било дозволено да влезе во прес центарот на СДСМ. Уредникот на Инфомакс, кој завчера беше осуден вели дека целта на Заев е да ги замолчи критичките медиуми пред изборите на 12 април.

-Човекот сам се издаде дека планира пред изборите да прави истраги во Алфа, за да ја пломбира, за да може да се создадат наводно услови за истрага и да не функционираат критичките медиуми до изборите, изјави Александар Митовски.

Вчера пак, судот потврди дека Петре Шилегов лажел кога ја обвини Република дека добивала пари и тендери од Владата. Но не го казни, зашто ние погрешно сме го разбрале додека тој стоеше пред нашите простории и мафташе со личните податоци на директорот на Република. Не мислел на нас… На кого мислеше Шилегов, знае само судијката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.