Генералните секретари на новата коалиција СДСМ и Беса попладнево ја одржаа првата  прес-конференција на македонски и на албанска јазик. Љупчо Николовски и Аријанит Хоџа, рекоа дека претендираат најмногу гласови да освојат во шестата изборна единица и дека ќе се обидат да го обезбедат потребниот легитимитет на гласачите Македонци и Албанци.

Истакнаа дека се прават изборните листи и се разгледува потесниот круг на кандидатите кои ќе се најдат на нив. Бројот на кандидати кои ќе ги добие Беса ќе се знаат по Конгресот на СДСМ в понеделник.

Со чесна и одговорна понуда победничката коалиција на СДСМ и БЕСА претендира да освои најмногу мандати во шестата изборна единица, што е генерално мерило за легитимитетот пренесен од гласачите Албанци. Но за очекување е дека оваа коалиција ќе победи во сите останати пет изборна единица, рече Николовски, истакнувајќи дека се задоволни како досега тече соработката во оваа коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.