Испраќаме порака за доминантен фокус на Владата на економијата, економскиот стандард на нашиот народ, севкупен економски раст и развој затоа што нивото на кое сме дојдени навистина е „напеналено“, а пред нас е неповторлив период кој мораме да го искористиме. Испративме порака за предвидливост во периодот кој претстои, ќе има е стабилен период без предвремени избори, четиригодишен,  многу значаен за домашната економија која ќе може да прави планови за свој динамичен раст и развој и да ја има предвид превдидливоста за кои било идни инвестициски или кои било активности на бизнис секторот, изјави по средбата Заев.

Во есенско зимскиот период следуваат, како што најави, нови пакети мерки за помош на стопанството кое е погодено од ковид-кризата. Мерките ќе се димензионираат заедно со коморите за, како што рече Заев, да се максимизираат сите ефекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.