Во организација на ВМРО-ДПМНЕ во вторник 13.10.2020 во 18:00 часот, ќе се одржат протести со возила против поскапувањето на струјата во Охрид, Прилеп и Скопје.

Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт. Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните уште еднаш ќе порачаат, да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот, се вели во соопштението на партијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.