Протести или бојкот на наставата – Сојузот на средношколци конечната одлука за тоа како ќе се реагира против одлуката за онлајн настава ќе ја донесе в сабота, за кога е закажан состанок на претставници од 17 градови.

Дали ќе имаме бојкот на наставата од први септември или ќе организираме протести за оваа одлука, вели Бленди Ходаи од Сојузот на средношколци.

Средношколците велат дека надлежните 3 месеци не сториле ништо за подобрување на наставата од далечина, но и за безбедно враќање во училиште. Нивна цел е да се следат препораките на УНИЦЕФ и училишатата да работат со комбиниран метод. За тоа сојузот подготвил и посебна програма.

Во изминатиот период направиле и истражување помеѓу членовите. Само 7,9 отсто од средношколците сметаат дека онлајн наставата е целосно ефикасна. 59 проценти сметаат дека не секој има доволен пристап до потребната опрема, дури 84 отсто побарале полесен пристап до услугите за менталното здравје, што ги нудат училиштата. Но, како што велат, и туку наишле на затворена врата.

Министерството за образование нема унифицирана платформа за онлајн настава која ќе ја користат сите училишта. До школите доставиле предлог платформи, но училиштата сами да си одберат која ќе ја користат. Дури сега Министерството за информатичко општество се обидува да ја добие плаформата „Microsoft 365“ за да можат да ја користат сите училишта.

Од МОН велат дека заедно со Бирото за развој на образованиет со помош на УНИЦЕФ се прават напори за изработка на уникатна македонска платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.