Жителите на кичевското населено место Другово денеска ќе излезат на протест во 10:30 часот со блокада на регионалниот пат за Охрид.

Тие ќе протестираат поради ветената канализација, која уште не ја добиле од страна на власта предводена од СДСМ.

Или канализација или Охрид преку Прилеп“, стои во нивната парола.

Негрижата на локалните власти и покрај обезбедените финансиски средства го оставија Другово со недовршена канализација која тече по улиците и дворовите на луѓето.

Фекалиите кои течат без никаква контрола претставуваат извор на зараза и болести пред се за најмладите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.