По инцидентот во кој битолчани од ромската заедница беа тепани од полициски службеници откако направиле сообраќајка, на социјалните мрежи се најавува протест против полициската бруталност.

Протестот против полициското насилство е најавен за утре напладне, а граѓаните ќе се движат од Главната пошта во Битола до седиштето на битолската полиција. Него го организаира иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата, „Ромалитико“, „Романо Авази“, „Ромаверзита“, „Баирска Светлина“, „Сумнал“, „Ромско Јато“.

Откако случајот беше објавен на социјалните мрежи, МВР преку Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал против еден од полициските службеници поради физичко насилство.  Против него е покрената и дисциплинска постапка и суспензија од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.