Откако го слушна мислењето на експретите, Владата ги испрати уставните амадмани до Собранието по што ќе следи расправа во матичната комисија за уставни прашања која најверојатно ќе започне во понеделник. Таму се дава можност за поднесување на амадмани на амадманите.
Седницата за конечно менување на Уставот согласно договорот од Преспа се очекува спикерот Џафери да ја закаже некаде по Божик, а гласањето да биде на средината на јануари. Портпаролот на владата, Миле Бошњаковски вчера истакна дека дел од уставните амадмани што ќе претрпат измени и тоа 34 и 36.
Во финалниот текст на амандман 34, односно во преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите во „кои живеат во нејзините граници“ кои се однесува на граѓаните од другите националности.
Одлуките на АСНОМ во преамбулата се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“.
Со тоа финалниот текст на амандман 36 ќе гласи, „Републиката ги штити, гарантира и негува, дополнето зборче, особено зборче, историското и културното наследство на македонскиот народ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.