Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека решавањето на спорот за името со Грција не бил услов за членство во НАТО, во интервју за „Дојче Веле“. Според Мицкоски, членството во НАТО е работа која што е започната од многу порано, уште во 2008 година.

На новинарски коментар дека услов за членство во НАТО беше решавање на спорот за името, нешто што Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг постојано го повторуваше, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори:

Не би рекол дека тоа беше условНе можам да се сложам дека е благодарение на тој Договор, но да, се бараше од страна на НАТО решение за проблемот кој што го имавме со нашиот јужен сосед. Но гледате дека овој Договор не е решение за проблемите на граѓаните. Ако некој на граѓаните им ветува дека со членство во НАТО ние ги решаваме проблемите, тоа не е точно. Тоа е стратегиско партнерство кое што служи да бидеме дел од организација која во светот застанала зад Македонија, на начин на кој застанала и зад 29 други држави.

Во интервјуто Мицкоски вели ако добие 80 пратеника и ако има Бадентерово мнозинство, подготвени се за чекор назад со Преспанскиот договор.

Нашиот став го знаете. Имаме ли 80 пратеника, има ли Бадентерово мнозинство, ние сме подготвени и се отвора можноста за чекор назад, тоа сум го кажал и тука нема и не треба да има дилема. Тоа е чесен пристап кога ќе ја барате довербата на граѓаните. Имате граѓани кои што велат како вас – не треба да се оди чекор назад кон Договорот, а имаме граѓани кои велат искинете го договорот и фрлете го во ѓубре. Ниту едното, ниту другото не го решава проблемот. Секогаш вистината е помеѓу, а вистината е дека треба да имате чесен пристап. Со едноставно кинење на договорот и фрлање во корпа не се решава проблемот, затоа што проблемот ќе си остане, бидејќи овој неспособен радикал го направил, вели Мицкоски.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.