Дали Заев соочен со пад во довербата на граѓаните и бројните скандали кои ги следат, се обидуваат сламката за спас да ја бара во Бугарија.Затоа се нарачуваат анкети во кои и тој самиот не верува како онаа на Брима Галуп на која нормално води СДСМ.

Која е бугарската Брима Галуп

Според нив позади оваа анкета стојат медиуми кои важат за блиски до СДСМ, а неа ја спроведува Андреј Рајчев кој е основачите на агенцијата Брима ДОО во Македонија.

Рајчев е познат антимакедонист, човек близок до Бојко Борисов кој се залага за бугаризација на Македонија. Како една од неговите идеи за постигнување на таа цел е отворање на бугарски универзитет во Македонија. Според него на тој начин првиот чекор е студентите да станат блиски до Бугарија. Во интервју за „Дојче Веле“ тој нагласи дека тоа е од интерес за Бугарија.

Оваа желба на Рајчев, Зоран Заев делумно му ја исполни. Во мај оваа година владата предводена од СДСМ и Зоран Заев даде одобрение за отворање на бугарски универзитет во Македонија, кој не случајно се вика речиси исто како нашиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, односно ВЕЛИКОТРНОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „Свети Свети Кирил и Методиј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.