Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ21, анализирајќи ги изборните резултати, рече дека многумина се надевале и очекувале дека неговата партија на овие избори ќе оди надолу, но оти сепак, овој пат тие покажале дека ги научиле грешките од минатото.

Прво, понудата што ја имаше, и од програмски и од кадровски аспект, беше навистина едно освежување, прилично добри, солидни, едуцирани, многу добри кандидати коишто добро настапуваа на овие избори. Програмскиот аспект беше далеку подобар од оној што го понуди СДСМ, мислам дека СДСМ и малку арогантно влезе во овие избори од позиција на власт, дека полесно ќе си помине, па не ги подготвија домашните работи коишто мораа да ги подготват, рече Димовски.

Оној сегмент на однос со другите заедници, однос со коалиционите партнери, проширување на коалицискиот капацитет, ВМРО-ДПМНЕ овој пат го постави подобро и од СДСМ, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.