Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ има само пофални зборови за медицинскиот персонал, полицијата и војниците кои се борат против коронавирусот во Македонија.

Секоја чест за тие кои голораки се борат во првите редови против пандемијата, докторите, медицинскиот персонал, полицајците, војниците. Капата долу, јунаци!

А, за овие профитерите како Заев, Филипче, Радмила, Оливер и останатите, срам и арам да им е што на маката на овие јунаци и честитоста на народот сакаат политички ловорики да добиваат.
Имам една порака до нив, ќе ве казни народот и тоа ќе ве казни жестоко на следние избори, кога и да се случат!, им порача Мицкоски на политичарите на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.