Професор д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ открива едно од можните сценарија зошто владата оваа година нема да ја додели најпрестижната награда за наука во Македонија која го носи името на револуционерот ,,Гоце Делчев”.

Еурека! Сега ми е јасно зошто оваа година не се додели најголемата државна награда за достигнувања во науката, ,,Гоце Делчев”. До насловот било, а?”, пишува проф. д-р Јачева Улчар откако македонската поп-пејачка Тамара Тодевска завчера ја прескокна строфата од националната химна во која се споменува македонскиот великан Гоце Делчев.

За ова говореше и академик Катица Ќулавкова.

Таа на социјалните мрежи реагираше на новововедената државна награда 22 ноември (Денот на албанската азбука), во време кога за традиционалната „Гоце Делчев“ државата нема пари.

Распишан е Конкурс за новововедената државна награда 22 ноември (Денот на албанската азбука!), а не беше распишан Конкурс за традиционалната државна награда за наука Гоце Делчев (немало средства е изговорот, ама не ќе да е така). Без одлука ја укинаа „Гоце Делчев“. Која фарса!, пишува Ќулавкова.

Предходно официјална Софија порача дека Делчев е само бугарски херој кој Македонија не смее да го користи во својата историографија.

Претседателот Стево Пендаровски за Делчев изјави дека тој сам се опишувал како Бугарин, а министерот Никола Димитров рече дека не е историчар за да каже што бил Делчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.