На ден пред протестот вчера попладне имале средба со министерката за одбрана Петровска на која се договориле да ја стават во мирување одлуката за активен протест пред владата со поставување шатори. Синдикатот на професионалните војници според договор со министерката ќе почека во среда на влада да се најде соодветно решени за оние припадници на армијата кои по навршувањето на 45 години старост не се префрлени или преземени од некоја друга државна институција.

Проблемот според синдикалните претставници се провлекува веќе три години во кој период за решавање на статусот чекаат околу 200 припадници на армијата кои сега се на минимална плата со што како што велат до војници се прават социјалци. Тие бараат или отпремнина од 1000 евра за секоја измината година стаж или прераспоредување во гранична полиција. Министерката за одбрана според соопштението се заложила за изнаоѓање на решение за кое ќе се разговара на следната владина седница. Професионалните војници добија поддршка и другите независни синдикати кои најавија дека ако не се реши проблемот со управата за водење матично книговодство кои протестираат веќе три недели дека можно е и тие да им се придружат во протестниот камп со шатори пред владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.