Зошто треба да избие скандал за директорите во училиштата да го решат проблемот, прашува во статус на Фејсбук проф. д-р Весна Јаневска.

Слабостите на образовниот систем не може да се сокријат, а и не треба. Треба брзо и ефикасно решавање на проблемите.

 

Се прашувам зошто треба да избие скандал во јавноста за директорите да превземат неопходни мерки за непречено одвивање на наставата. Денес бојкот на настава на повеќе одделенија, поради незадоволство од наставничка по математика. Требаше да се соберат родителите за директорката да се сети дека има проблем во училиштето и допрва сега ќе превземала мерки. Исто беше и со наставникот кој повреди ученик, па друг наставник кој малтретираче ученник и така натаму.

 

Многу обуки поминаа, и за наставници и за директори, ама основните вештини изглеа, не сите ги совладале, пишува Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.