Граѓаните не го видоа квалитетот на тимот на Мила Царовска за кој таа јавно говори и се заблагодарува и тоа го покажаа на локалните избори, пишува проф. д-р Весна Јаневска во својот статус на Фејсбук.

Не е лажна вест (најголемиот предизвик на Министерката), туку вистина е дека таа во интервју за Факултети.мк признава дека “веројатно не постоела доволна подготвеност за да се прифати товараот, кои го наметнуваат тие промени (зборува за реформите кои го спровела со тимот).
Дали Министерката навистина го мисли тоа што го зборува, не е мое да анализирам, она што е сосема јасно, како бел ден, е дека постигнувањата чиј лимит е самото небо, македонскиот народ, односно граѓаните на Македонија, не ги виде, препозна, или одобри и тоа јасно го покажа на последните локални избори, вели проф. д-р Јаневска.

Пред извесно време еден од потпретседателоте на СДСМ, Перо Костадинов во дебата со Миле Левков на 24 вести, заначи јавно, изјави дека личните и партиските интереси треба да се над државните.

Претпоставувам дека повеќето слушатели сосема нормално ќе помислат дека станува збор за лапсус лингвае, односно дека по грешка кажал нешто што не мислел. Да, некои слушатели би помислиле така, односно сите оние кои не го познаваат Зигмунд Фројд. Фројд за ова би рекол, што умот мисли, тоа устата зборува, се разбира јас слободно го парафразирам.

Ова што “ умот мисли, устата зборува“ секако се однесува и на изјавите на Министерката за образование и наука, која вели дека за нејзиниот тим само небото е лимит. Во ред не ретко употребувана сентенца, кога некого сакаш да пофалиш, ама нешто не е баш како што треба во врска со пофалбата и постигнувањата на тимот. Молам да не бидам лошо сфатена, јас за тимот, како за поединци немам коментар, не ги ни познавам луѓето, но откако се таргетирани за заслужни во одредени достигнувања како тим, јас ќе ги коментирам достигнувањата. На сосема неподготвен терен во Македонија, во сред среде пандемија, се предложи нова Концепција за реформи на основното образование. Она што беше најголемо достигнување во реформите, беше таканаречена дигитализација со укинување на учебници, па укинување на посебните предмети, всушност историјата, особено потенцирање на родовата еднаквост и севкупното сексуално воспитување, базични, некорисни и на некој начин и недолични обуки за наставниците, фингирање на извештаите за одвивање на образовниот процес и заболените од ковид ученици и наставници.

Сето ова побуди силен револт кај постарите ученици, наставници и особено кај родителите.
Веројатно тимот нешто и сработил, видов огласи за набавка на компјутери, доделување на спипендии со многу грешки, доделување на субвенциониран оброг, со технички грешки, реновирање на училишта во сепрември, реновирани мокри чворови кои за една година се распаѓаат поради неодржување, многу огласи за разни консултанти. Имаше и вработување на образовни асистенти, ама најмногу наставници, најмалку дефектолози, сега пред карај на мандатот брзо, брзо донесена е и наставната програма за второ одделение, не баш на транспарентен начин, но во ред, работено е. На наставниците им се зголеми платата за 4,5 пати, па тие влегоа во повластена група на население, чии фамилии не мора да живеат со доволните 17000 денари месечно.

Не е лажна вест (најголемиот предизвик на Министерката), туку вистина е дека таа во интервју за Факултети.мк признава дека “веројатно не постоела доволна подготвеност за да се прифати товараот, кои го наметнуваат тие промени (зборува за реформите кои го спровела со тимот).
Дали Министерката навистина го мисли тоа што го зборува, не е мое да анализирам, она што е сосема јасно, како бел ден, е дека постигнувањата чиј лимот е самото небо, македонскиот народ, односно граѓаните на Македонија, не ги виде, препозна, или одобри и тоа јасно го покажа на последните локални избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.