Во текот на денешниот ден ќе заседава Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се очекува да биде изгласан нов состав на Извршниот комитет на партијата. Според информациите, Извршниот комитет ќе биде помал по број од претходниот и ќе содржи неколку нови имиња кои ќе му дадат дополнителна тежина и динамичност.

Воедно, ќе се потпира и на искуството на луѓе кои долго се во партијата и даваат огромен придонес во теренската работа, а ќе останат оние неколку членови од претходниот состав на кои мандатот се уште не им е истечен.

Новиот Извршен комитет е дел од пакетот структурни промени кој го започна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, веднаш по одржаните избори.

Централниот комитет изгласа нов статут кој беше поздравен како најдемократски од Европската Народна Партија. Потоа се избра нов претседател на Унијата на млади сили и нов Извршен комитет на УМС, се распиша оглас за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно беа назначени претседатели на значителен број на општински комитети и тој процес ќе продолжи, брифираат од партијата.

На седницата на Централниот комитет ќе се расправа и за прашања поврзани со резултатите од изборите. Седницата е закажана во 18 и 30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.