Јавната расправа за законот за јавното обвинителство денеска продолжува во Собранието во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Претставници на стручната фела вчера, на првиот ден од расправата, изнесоа свои размислувања и забелешки за предложениот текст и се очекува дел од нив да се најдат во текстот на законот кој допрва треба да биде доставен во собраниска процедура.

Според најголем дел од нив закон за јавното обвинителство е потребен и тој треба да биде донесен од Собранието.

Предложениот текст, што претходно беше доставен до учесниците на расправата, го образложи министерката за правда Рената Тренеска Дескоска која очекува од дебатите да произлезе одговор за решавање на повеќе прашања кои се, како што рече, „камен на сопнување“ за носење на законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.