Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките што се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство ќе им трае сè додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус.

За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба, со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.