Ми беше задоволство да присуствувам на денешното доделување на високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ кое Претседателот Пендаровски го додели на неколкумина извонредни сограѓани.
Честитам на одликувањето и на досега сработеното на господинот Мукаетов и професорот Несими. Нивниот придонес кон општествениот развој е од непроценлива важност за сите нас.
Се поклонувам пред прерано заминатите, господин Стефановски и господин Хаџиманов и благодарам за културното наследство, за можноста многу понатамошни генерации да уживаат во нивното творештво. Во вашите дела нема да бидете заборавени од овој народ и оваа држава, напиша на Фејсбук вицепремиерот Љупчо Николовски од СДСМ, по што на социјалните мрежи настанаа лавина реакции, со оглед на тоа дека за професорот Ремзи Несими, пишува како тој да е жив, иако се работи за постхумно одликување.

Изгледа Николовски не е информиран дека Несими, македонски албанолог, јазичар, професор и истражувач, почина на 3 февруари 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.