Членовите од Пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Комисија за Политички систем и односи меѓу заедниците, со процедурални забелешки силно се спротивстави на самоволието на спикерот Талат Џафери за неделовничкото одбивање на амандманите и успеа да ја одложи најавената комисиска расправа за законот за лични карти.

Тензичната атмосфера на комисијата беше буквално разбиена со аргументираните забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Власта немаше аргументи и ја одложи седницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се спротивставува со сите демократски средства кои ни стојат на располагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.