Со сите мани кои ги има Бугарија има јасна национална стратегија, а клучно е прашањето за Македонија. Конзистентната бугарска политика кон Македонија, уште од формирањето на бугарската држава во 19 век, со формирањето на бугарската егзархија, и таа е непроменета без разлика на државното уредување и кој е на власт во Бугарија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во гостувањето на ТВ21, Николоски ја објаснува позицијата на Бугарија кон Македонија, за која, како што вели, Бугарија водела две балкански и две светски војни.

Позицијата на Бугарија е дека на територија на географска Македонија, во која влегува и денешна Република Македонија, живее доминантно христојанско население со бугарска етничка определба, кое зборува бугарски јазик. И тоа е непроменета стратегија. Кога била посилна бугарската држава, тоа го кажувале подиректно, кога била послаба, завиено. Заради таа стратегија се водени две балкански војни, две светски војни од страна на Бугарија и еве оваа, дипломатска војна, во која Бугарија го користи членството во ЕУ. Проблемот со Бугарија не е наивен, и е многу посериозен од тој со Грција.

Николоски очекува после ова Македонија да има две опции – едната никогаш да не влезе во ЕУ, а другата целосно да се бугаризира.

Имајќи предвид дека за второто нема поддршка во јавноста, ќе има постојани проблеми на патот кон членството во ЕУ. И оттука сметам дека сево ова што се случува ѝ оди во пролог на Албанија да ги започне преговорите, но не и на Македонија, рече Николоски повикувајќи се на една своја претходна изјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.