Проблемот со Бугарија е измислен и смешен, рече премиерот Зоран Заев во разговорот со уредникот на Катимерини Атанасиос Елис, на економскиот форум Делфи во Атина.

Бугарија го измисли ова прашање, јас дури не можам да објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, проблем кој не постои. Ние треба да најдеме решение бидејќи е корисно и за Бугарија и за Македонија и тој начин ќе ни донесе само корист. Верувам дека има решение бидејќи треба да направиме само еден чекор повеќе, а тоа е Меѓувладината конференција“, истакна Зоран Заев.

Тој рече дека разговорите со Бугарија се успорија поради изборите во таа земја, но верува дека ќе се најде решение и очекува Грција како стратешки партнер да и помогне на земјава во деблокирањето на стартот на преговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.