Директорот на управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ и директорите на затворите од СДСМ си тераат партиски приватни средби. Дали ова навестува за проблеми во владината коалиција, бидејќи на овие средби не се поканети ниту присуствуваат директорите на затворите ДУИ, на пример од  Струга и од Тетово..
Ако на средбите се разговара за планот за работа или за досегашните активности, тогаш уште почудно е зошто само едните партиски директори присуствуваат на средбата, а програмата и планот се државни и владини.
Особено забележително е присуството на директорот на Шутка, Ѓоко Котевски, кој по уште една голема лага за понудената оставка поради инцидентот во затворот Шутка, која требаше да се ефектуира веднаш после избори, си продолжува без срам, морал и одговорност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.