Лепен, сечен, монтиран – вака македонскиот премиер Зоран Заев го опишува делот од разговорот со лажниот поранешен украински претседател, Петро Порошенко, каде се зборува за подмитување на селенскиот патријарх Вартоломеј за да помогне да се реши статусот на МПЦ. Целиот останат разговор го призна, како вистинит, фалејќи се што зборувал и какви ставови искажал, но за овој дел тврди дека овој дел е изместен од контекст.

Заев тврди дека изместувањето на конотацијата е затоа што во еден дел се правел разговор за автокефалноста на МПЦ и искуството на Украина, како може да помогне. Тука тој кажувал дека Ципрас и бугарската црква јасно помагале. Друг дел била автокефалноста. Сосема друг дел биле верските заедници, колку треба да се поддржат.

На прашањето што сака да каже во телефонскиот разговор кога зборува за пари, Заев  со одговор – друг дел е колку треба да се поддржат верските заедници

Еден дел од контекстот е автокефалноста, сосема друг дел е колку треба да се поддржат верските заедници. Јас знаете дека бев и на суд за градење на Црква во Струмица. Моето семејство има изградено 14 цркви, три-четири џамии помогнато. Помагам бидејќи за мене тоа се божји домови и јас сум верник. И придонесувам, како што нмислам дека придонесуваат сите што имаат и можат да придонесат во божји храмови, во земјава или надвор. Автокефалноста на МПЦ е отворено прашање и јас ќе продолжам да помагам да се изнајде решение. Се што може да се помогне ќе помогнам. Ќе продолжам да помагам преку дипломатија, низ дијалог, тоа што е дозволено, да се изнајде решение – објасни Заев.

Што сакаше Заев да каже со овој одговор?! Ова отвори многу дилеми. Некои го гледаат само како начин да избегне одговорна прашање, но некои пак отворено прашуваат – Сакаше ли да каже Зоран Заев дека имал намера да го поткупи Вартоломеј ама со свои пари, да ги даде како донација?!

Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет дека побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. Тоа помина на суд како што помина. А сега повторно нов скандал со поткуп. Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев „јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”.

На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно „во ред е ќе го направиме тоа во кеш”.

„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.

„Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден ycлoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.