Судијата во предистражна постапка одреди мерка притвор за поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Тие денеска попладне беа приведени поради настаните во Парламентот на 27 април 2017 година. Беше приведен поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, тој од судот замина бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет.

Обвинителството ги сомничи дека се организатори на упадот во Собранието на 27 парил. Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.