Притвор добија поранешниот министер Михаил Цветков и поранешниот заменик министер Кристијан Делев, а поради влошена здравствена состојба куќен притвор му е одреден на Ацо Спасеноски кој доставил медицинска документација до обвинителството.

Утрово по налог на Судот беа приведени, а во текот на денот беше спроведен и распит на сите, освен на поранешнито министер Љупчо Димовски кој не беше денеска на распит поради тоа што е актуелен пратеник и го штити пратеничкиот имунитет за кој пак в понеделник ќе се расправа на комисија за мандатно имунитетни прашања.

Михаил Цветков, Кристијан Делев, Ацо Спасеноски и Љупчо Димовски се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од речиси 1,5 милиони евра на Буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.