Инспектори од Управата за јавни приходи денеска влегоа во едниствената критичка телевизија во Македонија, ТВ Алфа. И додека целата јавност очекуваше УЈП да ги чешла фирмите блиски на Боки 13 и други инволвирани во случајот „Рекет“, денеска во „Алфа ТВ“ е побарана целата документација на компанијата од јануари 2014 до декември 2019 година.

Се претпоставува дека оваа реакција на власта доаѓа откако гледачите на емисијата “Збор по збор” беа запрашани: “Зошто владата на Заев се однесува “пе*ерски” кон Србија”.

Владата и СДСМ кои ја обвинија телевизијата дека се обидува да ги наруши односите со Србија се уште не даваат објаснување зошто инспектори на УЈП денеска влегле во ТВ Алфа?

Како Владата и СДСМ ја нападна Алфа и што одговори телевизијата во следното видео по 17 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.