Започна втората недела откако СОНК спроведува штрајк во училиштата и градинките, вчерашната одлука на Советот на синдикатот да не ја прифати понудата од владата за зголемување  на платите од околу 2500 денари, за што се изјаснија 95 % од синдикалните организации.

Притисоците врз штрајкувачите се засилуваат, но тоа нема да не поколеба да истраеме, велат од СОНК. Според нив, исплатата само на придонесите додека штрајкуваат, што вчера ја најави владата и обидот да се ангажираат заменски наставници во училиштата, се притисоци кои не значат ништо, рекоа од синдикатот.

Тие ниски удари и тие закани што во текот на викендот и претходната недела ги трпиме, нема да не поколебаат. Кратењето на дневниците и заменските наставници не значат ништо. Прво се обидоа со заменски наставници , па видео дека не можат да се најдат такви луѓе. Со кратењето на дневниците, не знам по кој основ како ќе ги скратат кога ние сме 8 часа во градинка тука, изјави Мирјана Китановска- претседател на синдикална оирганизација  при СОНК во ЈДГ „ 8 Март“-Кисела Вода

Во неколкуте клови на ЈДГ „ 8 Март“, од утрово се згрижени околу 200 деца. А, во клонот во Драчево, каде сите вработени штрајкуваат, за децата се грижат само 3 лица од  другите клонови на градинката.

Само тројца кои што ги згрижуваат сите деца кои  се во моментот во градинката.Значи тоа е една голема бројка. Измешан состав и возраст на дечиња . Воопшто не се нивните воспитувачи или негователи, рече Лена Спасеновска Поповска- претседател на регионален одбор на СОНК за Општина Кисела Вода

СОНК остануваат на ставот за зголемување на платите за 18, 4 %, согласно порастот на минималната плата.

Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10%, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите, напиша премиерот Ковачевски на својот Фб профил, утрово.

Според него Владата прави сѐ што треба за да го одржи дијалогот и да најде заеднички јазик, но барањата и односот на СОНК се целосно неприфатливи. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено СОНК и раководството се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование, напиша Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.