Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека во Македонија ќе пристигнат вакцини „Модерна“, што ќе бидат први од овој производител кај нас. Тоа ќе биде донација од Хрватска.

Досега во Македонија граѓаните се вакцинираа со „Фајзер“, „Спутник“, „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „Синовак“.

Веќе стигнаа 10 илјади вакцини „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, денеска ме информира дека Хрватска ќе донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат или „Астра зенека“ или „Модерна“ што ќе биде прва количина што ќе стигне кај нас од овој производител, изјави денеска Филипче по средбата со хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ Радман.

Хрватскиот министер посочи дека ефикасното спроведување на вакцинација е единствен излез од ковид пандемијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.