На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигнаа 97 граѓани од Авганистан кои се активисти на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Тие ќе бидат привремено сместени во Македонија, додека не биде обезбеден трансфер до нивната крајна дестинација.

По слетувањето, на граѓаните од Авганистан им беше спроведена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, соопшти владината прес-служба.

Трошоците за оваа група граѓани ќе бидат целосно покриени од НДИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.