Министерот за здравство Венко Филипче објави дека денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината против Ковод-19 на Фајзер.

Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави Филипче на „Фејсбук“.

Министерот апелираше сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.