Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Министерот за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.

На овие вакцини „Фајзер“ рокот им истекнува на 30 септември. Требаше да пристигнат на 14 септември. Откако Бугарија соопшти дека ќе ги донира на Македонија, Министерството за здравство соопшти дека тие ќе бидат аплицирани пред истекување на рокот на важност. Помеѓу две дози на вакцината „фајзер“ потребно е да поминат три недели, односно 21 ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.