Изборот на полковникот Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи во преодната влада не е преседан во светски рамки, како што не е преседан да не се применува членот 97 од Уставот, во кој е наведено дека лицето кое ќе раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот.

Токму овој член се исправа како пречка докажан професионалец со богата кариера и чиста биографија да биде прифатен од едната владејачка партија, односно од СДСМ. Предлогот на Мицкоски технички министер за внатрешни работи да биде полковникот Ковачки е прифатлив за ДУИ.

Во голем број држави и демократии, како на пример САД, Израел, Турција, Русија, Азербејџан, Казахстан, Унгарија, но и Хрватска практика е униформирани лица, на високи позиции во армијата, докажани професионалци, да бидат министри за одбрана.

Од светските примери ги наведуваме:

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.