Вечерва во Прилеп, како и во други 14 градови во државата ВМРО-ДПМНЕ оддржа протести против Заев и неговата мафија на власт.

Доста е веќе, доста не лажевте овие четири години. Напуштете ја власта и ослободете ја Македонија. Неспособни сте, ја уништивте државата на секое поле, порачаа жителите од Прилеп кои еуфорично ги дочекаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ на улиците трубејќи со своите возила.
-Да изразам едно гоолемо задоволство затоа што овој настан најде на големо разбирање кај нашите сограѓани и сфатија луѓето дека овој настан излегува од клишето на политичко собирање на поени. Ова е вистински народен настан за заштита на македонското ткиво. Овој протест е за обединување на и за зачувување на сето она што нашите претци сториле за оваа држава и со своите животи се вградиле во неа. И наша задача како генерација е да ги зачуваме работите кои тие ги вградиле во оваа држава и кои треба жестоко да ги браниме. Наша цел е да дадеме поддршка затоа што овој протест не разбира ни пол, ниту припадност ниту пак, вероисповест. Прилеп секогаш прв го кревал гласот во секоја општествена промена на Македонија. Прв бил и во битките за слобода на Македонија. Така ќе биде и сега. Од Прилеп ќе тргне падот на оваа ненародна власт, која не го слуша гласот на својот народ. Доста е кариери за вакви политичари. Време е да си одите. Македонија и македонскиот народ заслужуваат многу подобри односи, порача Дејан Проданоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.