И на споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп, на плоштадот „Александрија“, беше поставена информативна табла на која пишува дека Александар Велики е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство.

Но, само што беше поставена, на таблата е избришан зборот „хеленската“, со што прилепчани испратија јасна порака до владата на Заев.

Таблата во Прилеп е напишана само на македонски и англиски јазик, додека во Скопје таблите се тројазични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.