Државната изборна комисија очекува до истекот на рокот вечерва на полноќ, да се пријават нешто повеќе од 200 граѓани кои се во изолација, а кои ќе сакаат да го остварат нивното право на гласање на претстојните парламентарни избори на 15.јули.

До 10 часот утринава има околу 100 граѓани кои се дома во изолација заради корона вирусот кои се пријавиле електронски да го остварат правото на гласање. Тие се од околу 20-тина општини на територијата на целата држава. До крајот на рокот за пријавување, очекуваме бројот двојно да се зголеми. Нашата претпоставка е дека ќе има нешто повеќе од 200 кои ќе се пријават, вели за Фактор, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Тој вели дека тимовите се целосно подготвени за сите изборни активности кои ќе се одвиваат на терен, а денеска од 14.00 часот во гимназијата „Јосип Броз Тито“ ќе биде огранизирана симулација на гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.