Во вторник на 31 август истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата.

Според проценките на Министерството за образование и наука (МОН), се очекува ова право да го искористат околу 40.000 студенти. До сега се пријавени 15.627.

Тековните студенти, денеска и утре да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари, да ја добијат на почетокот на октомври годинава. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар – апелираат од МОН.

Начинот на аплицирање е дигитализиран. Пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

МОН потсетува дека субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое студентите добиваат по 2.400 денари, девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.