Во СВР Скопје, околу 12,01 часот, Д.А телефонски пријавил дека на подрачјето на Општина Сарај, С.Н од политичка партија со повеќе лица и возила се движеле на подрачјето на општината и вршеле притисок и поткупувале гласачи, а во моментов се наоѓа во чајџилница во Ласкарци.
На местото на настанот е испратена патрола од ЕИП која извршила обиколка на теренот, извршен бил разговор со лица кои биле затекнати, но не се утврдени наводите во пријавата.
Во врска со подносителот на пријавата Д.А ќе бидат преземени дополнителни мерки со цел поднесување на соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.