Предлогот на помошникот секретар е коректен, почеток на преговори без билатералните спорови внатре во рамката на ЕУ, што е спротивно на “Патоказот” предложен од МНР Османи, кој во суштина значи ставање на билатералните бугарски барања во преговарачката рамка на ЕУ – смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Директорката на Институтот за европска политика, Малинка Ристевска-Јорданова, која е експерт за европски интеграции претходно искоментира:

Прифаќањето „Патоказ“ на Договорот би значело прифаќање на бугарските барања од Рамковната позиција од октомври минатата година, од кои тие не отстапија ни јота, напротив – ги проширија. Нивната позиција сама по себе е „патоказ“ по нивна мерка, и ако таа стане дел од ЕУ процесот, како што вели министерот, практично доброволно ќе ги ставиме бугарските барања „во ЕУ рамка“. Доаѓаме во недозволива и трагикомична ситуација државите членки на ЕУ остро да се спротивставуваат на вметнувањето на билатералните прашања во „ЕУ рамка“, а ние доброволно да си ја наметнуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.