ВМРО-ДПМНЕ  продолжува со  теренските посети. Претставници на партијата денес беа во посета на Општина Могила каде што ги посетија населените места Ивањевци, Српци, Беранци и Ношпал.

Граѓаните се пожалија на тешката  економска состојба во Македонија, за која, како што велат, полоша не била никогаш. Тие велат дека власта ги понижила земјоделци, нивите се запустени нема кој да ги обработува, а  нема ни пласман за родот.

 

Ветувањата за пласман, нови пазари, повисоки цени останаа само нереализирани ветувања. Родот наместо по пазарите остана на нивите.

Жителите на овие места се плашат за својата егзистенција, трошоците за живот секојдневно им се зголемуваат и тие затоа едвај преживуваат.

Младината си заминува, нема работа освен за децата на власта. Ќе станеме земја на пензионери, а СДСМ и на нив им ги крати пензиите, велат граѓаните.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ им порачаа на граѓаните дека постои надеж, но за тоа да се случи неопходна е промена на власта. Но за прво тоа да се случи потребана е победа на Претседателските избори, а тоа ќе доведе до предвремени парламентарни избори каде што оваа власт на СДСМ ќе стане минато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.