На 21 јануари 2022 година, во просториите на МНР се одржа тематска дискусија во рамки на проектот Рефлексија2030, чија цел е резвивање на Стратегијата за надворешна политика за следните 10 година. Денешната дебата беше посветена на претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Воведно обраќање на настанот имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ja претстави визијата, како и преземените активности во функција на квалитетна подготовка на проактивно и препознатливо претседавање со ОБСЕ и промоција на нашата надворешна политика во еден поширок мултилатерален контекст.

Претседавањето со ОБСЕ e наш врвен приоритет во наредните години. Од почетокот на оваа година сме дел од ОБСЕ Тројката претседавачи,  истовремено ќе претседаваме и со медитеранските партнери и азиските партнери за соработка на ОБСЕ (2022/2024). Оттука, овој линк меѓу претседавањето со ОБСЕ и Стратегијата за надворешна политика 2030 е логичен, разбирлив и нужен. Денес, дискутираме за сериозноста на предизвикот, за визијата и за тоа како преку нашиот нов капацитет можеме да придонесеме кон стабилноста,  соработката и просперитетот во регионот на ОБСЕ. Инпутот што ќе го добиеме, несомнено ќе придонесе кон овие процеси во функција на изработка на солидна платформа за нашето претседавање.” – истакна МНР Османи.

Целта на оваа тематска дискусија беше да се иницира своевидна рефлексија за можните  приоритетни области, предизвиците и очекувањата, како и за нашиот профил како држава претседавач.

На настанот учествуваа членови на Стратешкиот совет на МНР, на Работната група при МНР задолжена за подготовките за претседавањето, претставници на академскиот свет, тинк-тенк заедницата, итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.