Почнувајќи од утре, претседателските кандидати ќе мора да се воздржат од промотивни активности, јавни настапи и од делување на социјалните мрежи. Според Изборниот законик, кога нивните кандидатури се потврдени, секоја постапка поврзана со изборите ќе се смета за кампања, а таа официјално стартува на 1 април.

Крајниот рок за доставување на кандидатурите истекува вечерва на полноќ, додека утре ќе биде извлечена ждрепка за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче. Изборната кампања официјално започнува на 1 април и завршува на 19 април на полноќ. На 20 април е предизборниот молк, а на 21 април, изборен ден. Доколку ниту еден од кандаидатите не освои доволно гласови за победа во првиот круг, првите двајца ќе се натпреваруваат во вториот, кој ќе се одржи на 5 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.