Претседателот на Собранието Талат Џафери предмалку го  потпиша решението за распишување на претседателските избори. Изборите ќе се одржат на 21 април, додека вториот изборен круг е закажан за 5 мај. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.

Заедно со претседателските избори, во Охрид, Ново Село и Дебар ќе се одржат и избори за градоначалници.

Треба да оржиме избори какви што и доликуваат на европска демократска држава. Апелирам до сите учесници во изборниот процес да се однесуваат според Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат тој ден да помине во свечена и деморкатски атмосфера, порача Џафери, додавајќи дека граѓаните се единствен легитимен авторитет кој ќе одлучи кој ќе ја добие честа и одговорноста да биде шестиот претседател на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.